Кривична пријава за охриѓанец кај кој била пронајдена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Имено, при преглед извршен на улицата „Аргир Маринчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле опојна дрога марихуана, додава Димоски.

OhridNews

фото. Архива