Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 24- годишен охриѓанец.


На 28-ми овој месец, околу 11 часот, кај пријавениот се пронајдени околу три килограми опојна дрога Марихуана запакована во три најлонски опаковки облепени со селотејп трака. Пријавениот две опаковки сокрил во две помали вреќи, а третата ја завиткал во пешкир, по што ги ставил во црвена платнена патна торба.


Пријавениот,  опојната дрога ја набавил од лице во Албанија за сума од 500 евра, а имал намера да ја пренесе и преку свои канали да изврши  натамошна продажба на наркопазарот во Скопје. Полициските инспектори го привеле лицето  во близина на автобуската станица во Охрид.

Инаку, пријавениот е лице кое досега не е познат на службата како извршител на вакви и други казнени дела. 

OhridNews