Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Прикривање“  СВР- Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец кој на друго лице му понудил на продажба дигитална камера марка „Панасоник“, иако знаел дека станува збор за камера- предмет на кражба. При тоа, охриѓанецот со продажбата се стекнал со противправна имотна корист од 200 евра.

Дигиталната камера „Панасоник“ сопственост на медиумската куќа „Независна телевизија“ од Охрид, како предмет на кражба од службените простории на телевизијата беше пријавена на 20 Септември оваа година.

На 7-ми овој месец, во СВР Охрид повикан е сопственикот на телевизи- јата и извршено е препознавање на дигиталната камера, по што истата е предадена со потврда за вратени предмети.

OhridNews