Против 33-годишно лице од Охрид и 25-годишен битолчанец, Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривични пријави, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, односно „овозможување на употреба наркотична дрога“.
Во текот на јули оваа година, во возило управувано од битолчанецот при извршен преглед, пронајдени се 1,77 грама „марихуана“ и 0,16 грама „хероин“. Утврдено е дека дрогата ја набавил од 33-годишното лице од Охрид, по што на две лица на една од плажите, им овозможил да ја употребуваат.
ОhridNews