На 23- ти овој месец, охриѓанецот управувајќи го своето возило по булеварот „Туристичка“ го забележал возилото на полициските службеници, по што свртел кон десната коловозна лента по која тие се движеле. Со навремена реакција на полицискиот службеник што го управувал службеното возило, била избегната сообраќајна незгода.
Откако на улицата „Димитар Влахов“ полициските службеници го сопреле неговото патничко моторно возило и се легитимирале, му ги побарале возачките документи. Лицето притоа започнало на глас да им се заканува дека ќе ги избркал од работа полициските службеници, упатувајќи им низа навреди и недолични зборови, по што со тупаница го удрил полицискиот службеник кој што бил во непосредна близина и му нанел телесни повреди, соопшти полицијата.