Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“, Секторот за внатрешни работи Охрид против поднесе кривична пријава против 25- годишен охриѓанец, на кого од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.


 
На 27-ми овој месец при извршен претрес во домот на пријавениот, пронајдено е огнено оружје-пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 милиметри кое лицето неовластено го поседувал. Пиштолот кој имал вграден продолжеток на предниот дел, полициските службеници го пронајдоа во плакар во ходникот од куќата завиткан во хартиена кутија. Пиштолот, пријавениот го купил пред три години по цена од седумдесет евра. Купопродажбата била извршена на женска плажа од каде охриѓанецот го однел во својот дом.

На 25-ти овој месец пријавениот е затекнат во вршење кражба од куќа во селото Косел. Сопственикот на куќата го забележал пријавениот како влегол низ прозорецот од западната страна и кога влегол во собата го видел како одзема една бунда во која имало 500 австралиски долари во разни апоени.

Пријавениот е познат на службата против кого и досега биле поднесувани прекршочни и кривични пријави за што е затворски осудуван. 

OhridNews