Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 56-годишниот охриѓанец кој пред три дена го прободе со нож својот роднина. Пријавениот, казненото дело го стори на 13-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Тој, откако го забележал својот 61-годишен роднина како се движи по улицата „Даме Груев“, излегол од својата куќа и веднаш го нападнал со нож задавајќи му неколку удари во пределот на лицето.

– Натамошниот тек на нападот бил спречен од случајни минувачи по што, повредениот итно бил пренесен во Општата болница во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди на лицето и  десното око. Поради сериозноста на повредите, тешко повредениот со возило на итната медицинска помош е префлен на клиниките во Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.    

На пријавениот, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

OhridNews