СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39- годишно лице од Прилеп за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 11- ти септември , на магистралниот пат Охрид-Кичево, на влез во Охрид, по случена сообраќајна незгода во која учествувал пријавениот, од страна на полициски службеници бил извршен и преглед во возилото каде биле пронајдени 0,7 грама наркотична дрога „марихуана“, 0,2 грама тутун и 3,4 грама МДМА (метилен-диоксиметамфетамин).

Од извршениот разговор било утврдено дека пријавениот дрогата ја купил  во Охрид  од непознати лица за износ од 230 австралиски долари.

OhridNews