СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












