
При извршен претрес кај 31-но годишниот стружанец В.Г., пронајдени се четири паковки со 6.2 грама наркотична дрога „марихуана“, девет мали стебла и четири семки од растението „канабис сатива“. Стружанецот се товари за сторено кривично дело, „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.












