Секторот за внатрешни работи од Охрид, поднесе кривична пријава против 30-годишен стружанец, за сторено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 14-ти минатиот месец, извршен е преглед над лице од Охрид, при што е најдена паковка со 0,32 грама наркотична дрога „хероин“, што истиот ден ја набавил од стружанецот за износ од 1000 денари.

OhridNews