СВР Охрид поднесе кривична пријава против 83 и 45-годишни лица, двајцата од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 17.01.2025 била извршена контрола на објект во Струга, при што било констатирано дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици со кои се премостувало елетричното броило да не мери потрошувачка, инфoрмираат од МВР.
OhridNews