Секторот за внатрешни работи од Охрид, поднесе кривична пријава против 17-годишниот охриѓанец Р.Р, поради постоење сомнение за сторено кривчно дело „тешка телесна повреда“.

На 14-ти овој месец, пријавениот го нарушил јавниот ред и мир, а пред средното електромашинско училиште „Живко Чинго“ учествувал во тепачка. Револтриан поради истата, 17-годишното момче повикало тројца свои другари со цел да се пресметат со другите соученици кои учествувале во тепачката. Со повеќе удари по главата и телото, гореспоменатиот  му нанеслот тешки телесни повреди и фрактура на прстот од левата рака на охриѓанецот Е.Б, кој кај себе имал метален боксирач и нож.

OhridNews