СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23- годишно лице од Дебар за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 8- ми јуни , во Охрид на улица „Егејска“, од страна на полициски службеници во напуштен објект, пријавеното лице било затекнато со две лица како користат наркотична дрога, а при извршен преглед одземени биле две ампули од 20 милиграми дијазепам.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 29- годишен охриѓанец кај кого во март годинава, во Градскиот пазар, од страна на полициски службеници бил извршен преглед при што биле пронајдени 1,6 грама наркотична дрога „марихуана“, наменета за продажба.











