СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При извршен претрес од страна на полициски службеници во домот на пријавениот, пронајдени се одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од хероин.

Поради постоење основи на сомнение за исто кривично дело, поднесена е кривична пријава за уште едно, 39-годишно лице од Охрид, кај кое при претрес во домот била пронајдена и одземена марихуана.

OhridNews