СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против бизнисменот и актуелен советник Нефи Усеини (45) како и против неговиот брат Ибро Усеини (48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“, а во врска со инцидентот што се случи вчера претпладнето во хотел во центaрот на градот, каде физички бил нападнат охриѓанецот Спирко Топалоски.
По наредба на Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид на 18.08.2020 извршија претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот. – соопшти МВР.

Нефи Усеини, исто така во изјава за медиумите, дематира дека употребил пиштол во тепачката со кој според пријавата го удирал оштетениот.Тој тврди дека во критичкиот момент воопшто не носел пиштол и оти на Топалоски му удрил неколку тупаници затоа што го навредувал.
Бизнисменот Зоре Темелкоски, пак, претходно јавно се огради од инцидентот тврдејќи дека тој лично нема никаква поврзаност со немилиот настан.
На потег се истражните органи и Јавното обвинителство.
OhridNews












