СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Р. (24) и Д.С. (27), двајцата од Охрид, за сторени две кривични дела „изнуда“, од кои едно во обид.

На 30.03.2011 година, околу 17,30 часот, во Охриод на ул.„Петар Поп Арсов„, пријавените се вербална закана од Е.С. (19) побарале да им даде 100 евра, што  ги  позајмил од нивен познаник, а откако физички го нападнале иститот им дал 3000 денари. По кратко време дошол В.Ш. (19), другар на Д.С. и пријавените физички го нападнале и со нож се обиделе да изнудат парични средства, како наводен долг.

Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во  траење од  30 дена.

OhridNews