
На 26-ти овој месец околу 16 часот и 30 минути, едно од лицата со секира нападна полициски службеник нанесувајќи му расекотина во пределот на градите. Тоа го сторил откако претходно со другиот пријавен физички го нападнале полициски службеник кој преземал службени дејстија по пријавено нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Даме Груев“. За тоа време едно од лицата насилно го спречувал вториот полициски службеник да презема мерки тргајќи го за полициската униформа.
Полициската патрола, на улицата „Даме Груев“ во Охрид беше упатена откако во СВР Охрид беше пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Тука било констатирано палење на гуми и несоодветно насилно управување на патничко моторно возило.
OhridNews











