СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(36) од Скопје, Н.М.(67), И.Е.(44), Е.С.(49), Ж.В.(48), Г.Б.(47), П.У.(42) и В.Џ.(50), сите од Охрид, М.Т.(28) и Г.Т.(19), двајцата од с.Трпејца, за сторени вкупно девет кривични дела „бесправно градење“. Во текот на 2011 година, пријавените спротивно на Законот за градење, без да поседуваат одобрение за градење на повеќе локации во Охрид граделе куќи, викендици и поткровја.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(31) од с.Пештани-Охрид, за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Во јули 2011 година, во Охрид од страна на полицијата кај кампот „Градиште“, затекнат е пријавениот како незаконито лови риба, за време на забрана на риболов во езерото.












