.jpg)
На 9- ти октомври , на локалниот пат за село Вевчани, кај месноста викана Кореа при извршена контрола на товарно моторно возило , управувано од пријавениот биле одземени 10 метри кубни буково огревно дрво кои не биле жигирани и без испратница, по што на 10- ти октомври лицето изготвило испратница со невистинита содржина од фирма на која е управител. Второ пријавениот вечерта на 09.09.2013 год. неовластено на одземените дрва им удрил жиг кој го поседувал како службено лице и изготвил испратница со невистинита содржина дека дрвата потекнуваат од ПШС “Стогово“, по што побарал од Судот во Струга да изврши увид на лице место.
OhridNews











