На 7- ми јуни , во Струга пред бензинската пумпа „Дино Петрол“, извршен бил претрес на паркинг-плац, сопственост на Р.З., каде е пронајдено патничко возило „ауди А5 кабрио“, кое во Италија на 31.05.2012 година е пријавено за украдено, а од извршениот разговор со Р.З. е дознаено дека возилото го купил од А.Х. кое истиот ден кога е пријавена кражбата на граничниот премин „Табановце“ го внеле во Македонија Е.Р. и П.А.
При вршење претерес во домот и другите простории на А.Р. е пронајден револвер, бајонет од војничка пушка, 110 куршуми различен калибар, како и 485 грама бела прашкаста материја и 32 грама кафеава прашкаста материја, сопственост на К.Х.