СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34- годишен жител на село Белчишта, за сторено кривично дело „силување“. На 2- ри мај годинава, околу 23,30 часот во Охрид, пријавениот довел во заблуда 19- годишна девојка на која и ветил дека ќе и помогне да го пронајде непознатото лице кое претходно со измама и го одзел нејзиниот мобилен телефон. Двете лица се качиле во такси возило и се упатиле кон ул. „Сирма Војвода“, по што заминале во блиската борова шума каде пријавениот извршил полови дејствија над оштетената.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 23- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид. На 5- ти ноември минатата година , во 20.30 часот, на ул. „Сатеска“ во Охрид пријавениот со употреба на физичка сила и закана со пиштол се обидел да изврши разбојништво над 31- годишно лице , но не успеал во намерата бидејќи девојката успеала да побегне со такси возило.

OhridNews