СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28- годишно лице од Скопје за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“. Во август, минатата година, во Охрид  од страна на полициски службеници извршен е претрес во станот каде привремено престојувал пријавениот и се пронајдени четири отпушоци, делови од гранчиња од непознато растение, а од извршениот разговор е дознаено дека во јули од непознато лице набавил марихуана, која ја донел во Охрид и на повеќе лица им овозможил да користат наркотична дрога.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 22- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога“. На 26.08.2012 година, кај градскиот пазар во Охрид од страна на полициски службеник, при извршен преглед врз пријавениот кој бил со уште едно лице, пронајдени биле 1,5 грама наркотична дрога „марихуана“, а истиот претходно му овозможил на другото лице да користи од дрогата.

OhridNews