СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24- годишно лице од Тетово за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. При извршен преглед над пријавениот во август минатата година, пронајдени биле и запленети 2,48 грама мешавина од марихуана и тутун, дрога која била купена од лице од Тетово.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 22- годишен скопјанец за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и против 21- годишно лице од Скопје за сторено кривично дело “овозможување на употреба наркотични дроги”. Кај населбата Свети Стефан на брегот на Охридското Езеро,пријавените биле затекнати како користат марихуана, а при извршен личен преглед врз едно од лицата била пронајдена метална дробилка за мелење на марихуана. Потоа била извршена и проверка во хотелската соба каде биле сместени како туристи при што се пронајдени 1,93 грама марихуана.

OhridNews