Полициската станица во Струга поднесе кривични пријави против двајца стружани, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело „бесправно градење“. Едното лице во мај и јуни 2014 година во непосредна близина на градскиот пазар, без одобрение за градење започнал градба на објект-катна гаража. Другото лице во текот на 2013 година почнал градба на објект-семејна куќа без претходно да добие одобрение за градење од надлежните служби.
Кривични пријави се поднесени и против две лица од струшко Радолишта, за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“. Пријавените, во текот на 2013 и 2014 година во Струга на брегот на Охридското езеро во непосредна близина на ракометното игралиште, каде истите поседувале земјиште со неутврдена квадратура, каде расте трска, го насипале со земјиште и го оспособиле за плажа.
OhridNews