СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(50), од с.Дрслајца-струшко, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување-Подрачна единица Струга за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Д.К.(53), од Охрид, управител на „Дримкол Лигнит“ДОО Струга за „повреда на правото од социјално осигурување“. Ф.С. во периодот од јануари 2004 до ноември 2007 година, не поднел барање за присилна наплата на заостанати придонеси за пензиско и инвалидско осигурување на вработените од „Дримкол„ ДОО Струга пререгистрирана во „Дримкол„ Лигнит ДОО „Рудник„ за јаглен Струга до Министерството за финансии во износ од 7.020.024 денари, а исто така при склучување на договорот за осигурување не го зел во предвид фактот дека „Дримкол Лигнит“ ги нема подмирено придонесите за периодот од 2001-2003 година. Додека Д.К. не се придржувал на одредбите од Законот и не ги платил придонесите за вработените во износ од 2.868.510 денари, за период од една година, оштетувајќи ги нивните права и Фондот. На овој начин, пријавените го оштетиле Буџетот на РМ во износ 9 .888.534. денари. 

извор: МВР