Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Л.(29) од с.Октиси- струшко, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци. На 24 февруари 2010 година на регионалниот пат Охрид-Дебар, кај фабриката ЕМО, при контрола на возило управувано од пријавениот се пронајдени седум грама наркотична дрога „марихуана“, а при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени три стебла од растението „канабис сатива“, 60 семки и 35 грама непозната материја, која е предадена за вештачење.
Кривична пријава за исто дело заработија и Д.У.(63) од Струга и А.А.(32) од Дебар . Според полицијата на 02 февруари 2010 година, во Струга, од страна на полициски службеници е забележан второпријавениот, во моментот кога дошол во домот на првопријавениот, и откако излегол, при извршениот претрес над него, пронајден бил 1 грам наркотична дрога „хероин“.
Извор: МВР











