СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. На 8- ми август во Охрид  бил извршен преглед на патничко возило управувано од пријавениот при што се пронајдени 3,04 грама наркотична дрога „марихуана“.

За истото кривично дело поднесена е пријава и против 31- годишно лице од Охрид, кое летово на плажа, на две лица од Скопје им овозможило да користат марихуана. При извршен преглед во возилото на пријавениот пронајдени биле 18,14 грама „марихуана“.

OhridNews