СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на март 2013 година  во Охрид при извршен претрес над пријавениот пронајдени биле 4,68 грама наркотична дрога „марихуана“ што пријавениот ја купил од лице од Струга за препродажба.

За исто кривично дело пријава е поднесена и против 25- годишно лице од Охрид,кај кое во Струга при извршен преглед над неговото возило пронајдени биле 1,45 грама марихуана.