Секторот за внатрешни работи Охрид, против две лица од Охрид, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Грабнување“, а од страна на истражен судија им е одредена и мерка притвор до 30 дена .

На 24-ти овој месец во 23 часот и 30 минути, првопријавениот на улицата „Никола Карев“ во Охрид ја пресретнал поранешната девојка од Република Србија која имала привремен престој во Охрид и насилно, упатувајќи и закани ја присилил да влезе во неговото патничко возило „БМВ“. 

Тука настанала жестока вербална расправија поради одбивањето на девојката за продолжување на љубовната врска поради што, прво пријавениот со огнено оружје- пиштол ја удрил во пределот на вратот. Тој по кратко време телефонски го повикал неговиот другар, второпријавениот,. за да ги вози низ градот. По едночасовно возење проследено со закани, првопријавениот побарал од неговиот другар да ги превезе до станот од девојката и да ги чека пред зградата. Во станот  продолжила расправијата и заканите кон девојката. Таму, по кратко време пристигнале нејзини роднини кои се обиделе телефонски, настанот да го пријават во полиција. Револтиран поради тоа, првопријавениот го извадил пиштолот обидувајќи се да го спречи пријавувањето. Во моментот пред станот дошол  неговиот другар, го истргал разлутениот пријател по што двајцата избегале.

По кратко време, пријавените се пронајдени и приведени во СВР Охрид, а одземено е и патничкото моторно возило за понатамошна постапка.

OhridNews