Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против управителот и сопственикот на туристичката агенција „Летс травел“ – Охрид, кои се товарат за измама, односно помагање во извршување на ова кривично дело.
Како што соопшти МВР, управителот и сопственик на туристичката агенција во текот на јули и август годинава довеле во заблуда седум лица од Скопје, лажно ветувајќи им дека ќе им организираат аранжман за летување во Северен Кипар со што успеале да ги наведат да извршат уплата на парични средства во вкупен износ од 365.860 денари за која сума и ги оштетиле истите.
Оштетените лица откако склучиле договори за летување во Северен Кипар и ги уплатиле потребните парични средства на сметката на туристичката агенција „Летс травел“ ДОО Охрид во Подружницата во Скопје, на неколку дена пред реализација на патувањето добиле телефонски повик од агенцијата додека некои од оштетените сами отишле во подружницата да се информираат за патувањето, при што им било кажано дека патувањето нема да се реализира и им било побарано трансакциска сметка за да им бидат вратени парите, но до денес паричните средства не им биле вратени.
Освен горенаведените седум лица до Државниот пазарен инспекторат доставени се пријави уште од 16 оштетени лица кои во туристичката Агенција „Летс травел“ ДОО подружница Скопје, уплатиле аранжмани за летување во Северен Кипар во вкупен износ од 384.773 денари, информираат од МВР.
Од извршените проверки од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал утврдено било дека уплатените средства од оштетените лица на денарската сметка на туристичката агенција преку свивтови од девизната сметка се префрлени на сметката на фирмата „Ле туристик Сервислер“ од Турција сопственост на второпријавениот.
извор:МВР