
Настанот се случил кога двајцата пријавени ги пресретнале двете малолетни лица во друштво со уште неколку врсници. Запирајки го своето возило на коловоз, пријавените ја фатиле за рака и коса малолетничката, која од нивната ќерка била посочена дека претходно ја нападнала на Спортскиот центар. Со тргање ја донесле до возилото, ја ставиле внатре, а потоа се упатиле кон второто малолетно лице кое било на тротоарот со цел да го направат истото. Во тоа меѓувреме, малолетничката која веќе била во возилото, успеала да излезе.
Одкако не успеале во намерата, пријавените заедно со нивната ќерка, влегле во возилото, и со стартовање , прво-пријавениот М.П. возејки напред, направил полу-кружно свртување а потоа го придвижил возилото на тротоарот каде биле уште неколку малолетни лица. Возејќи на тротоарот со поголема брзина кон нив, тој предизвикал сериозна опасност по нивниот живот по што го напуштил местото на настанот.
На овој настан, му претходела вербална расправија, туркање и размена на удари со раце и нозе, случена на Спортскиот центар, помеѓу двете малолетни лица и нивната врсничка-ќерка на двајцата пријавени.











