СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Свети Николе за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и за „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Во јули годинава, пријавените во Охрид биле затекнати заедно со уште едно лице како користат наркотична дрога „марихуана“. Од истите е одземена цигара со 0,46 грама мешавина од тутун и марихуана. Истиот ден извршен е претрес во куќа во која привремено престојувале пријавените како туристи, каде е пронајдено 9,76 грама наркотична дрога „марихуана“, што ја набавиле од непознати лица и од истата им овозможувале на две лица да ја користат.

OhridNews