Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Велешта, на возраст од 45 и 30 години, како и против три непознати лица, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“. Пријавените се осомничени дека на 13-ти декември, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од село Долна Белица, а го раниле неговиот брат.

Инаку, од МВР информираат дека вчера, од страна на полициски службеници извршен бил преглед и претрес на теренот кон селото Ташмаруништа, при што во водите на реката Црн Дрим во непосредна близина на мостот, на длабочина од околу 3 метри бил изваден пиштол, непозната марка и калибар, сребрена боја. Од страна на крим техника истиот е фотографиран.

OhridNews