Поради постоење на основи на сомнение дека сториле шест кривични дела тешка кражба и едно кривично дело кражба, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против три лица од Прилеп и едно лице од Скопје.
 
Пријавените, во периодот од 15-ти до 22-ри овој месец, со употреба на подесен алат  извршиле седум казнени дела на подрачјето на Охрид и селото Косел, против-правно одземајќи повеќе предмети.


Оваа група, преку добро разработен систем, и со употреба на сет штрафцигери, успевала да ги ги разбие сигурносните брави од вратите и со употреба на физичка сила, насилно влегувала во повеќе деловни објекти во Косел и Охрид, одземајќи пари, но и разни колонијални производи.

Со извршените кражби и тешки кражби, пријавените, се стекнале со против-правна имотна корист од близу 40.000,оо денари.


По серијата кражби, што оваа група ги изврши изминатиов период, одделението за општ криминалитет при СВР Охрид,  реализира повеќе оперативни активности, кои, резултираа со пронаоѓање и приведување на оваа група извршители на тешки казнени дела.

Во посебна акција, организирана во вечерните часови, на 22-ри овој месец, четири-члената група, е забележана пред еден трговски објект во Охрид, по што истите се приведени. Во нивното патничко моторно возило марка „Ауди„, пронајдени се алатите како и друга опрема со која имале намера да извршат слични дела. По преземени криминалистичко-технички мерки, од страна на оперативците, и извршено  споредување на одземените предмети, констатирано е нивно совпаѓање со трагите кои се нанесени на влезните врати од обиените објекти. 


Инаку, пријавените, се познати извршители на вакви и слични казнени дела, а тројцата од нив и познати наркозависници, против кои досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави.

OhridNews