СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од село Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „загрозување на сигурноста”. Кривична пријава е поднесена и против 34-годишно лице од село Долно Коњско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

Двете лица на 30-ти декември 2018, во 03.30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид, физички нападнале полициски службеник.

OhridNews