Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против три лица од струшкото село Велешта.
Пријавените, од основното училиште „Зини Хани“ во Велешта противправно одзеле 14 монитори и две куќишта за компјутери, а потоа ги сокриле со намера да ги продаваат. Тешката кражба ја извршиле на први овој месец околу 2 часот, откако по претходен договор, до училиштето пристигнале со возило џип. Еден од пријавените со употреба на физичка сила успеал да отвори прозор на јужната страна од објектот по што другите две лица влегле во внатрешноста на училиштето. Двајцата, мониторите и куќиштата преку отворениот прозорец му ги подавале на првопријавениот кој потоа ги ставал во џипот.
Бесправно одземените компјутери потоа ги оставиле, поточно ги сокриле во поткровје од куќа во Велешта,чекајќи погоден момент за да ги продадат.
Двајца од пријавените се лица познати на службата како извршители на вакви и слични казнени дела за што и досега им биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews