Управителот на двете ДОО, до основниот суд во Охрид поднел писмен акт со лажни податоци дека една од неговите фирми и должи пари на другата фирма во негова сопственост. Тој од судот побарал судско порамнување во кое два објекти со површина од 710 м2 во сопственост на акционерското друштво требало да се пренесат во сопственост на пријавениот управителот и неговата фирма кон која наводно бил долгот.
Двата објекти, во периодот од 2007 до 2010 година, ги користела општината Охрид, која ги закупила од сопственикот за што плаќала годишна закупнина од 4890 евра. Пријавениот управител, во постапката во судот добил само евидентен, а не и имотен лист кој го употребил за приватизација и легализација на објектите и земјиштето. Со нивната продажба во 2011 година, управителот остварил противправна имотна корист од 105.400,оо евра. Заради избегнување неисплатени долгови кон доверители и даноци кон државата, управителот поднел барање за стечај на една од неговите фирми, а при тоа целиот имот да премине кај неговата друга фирма. Пријавениот директорот на акционерското друштво нештитејќи ја компанијата, дозволил губење на имотот, односно натамошна продажба и пренесување на други правни и физички лица. Со тоа предизвикал штета од 46.933 евра.
Пријавениот секретар во општината Охрид, без никаков правен основ, наредил предавање на клучевите од двата објекти на управителот на фирмите, иако знаел дека истите се закупени од општината Охрид и дека за тоа, општината плаќа годишна закупнина од 4890 евра. Со тоа, тој му овозможил на лицето да изготви геодетски елаборат, легализација и приватизација на објектите како и нивно користење од управителот и неговата фирма.
Судијата во основниот суд во Охрид, во 2010 година го склучил судското порамнување побарано од управителот, без обезбедување имотен лист, договор, пресуда или друг правен акт за сопственост на објектите. Со тоа, пријавениот судија свесно му признал право на сопственост на објектите на предлагачот, ДОО – претставувано од пријавениот управител .