Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривични пријави против три лица од Охрид за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

При извршен претрес во домот на еден од пријавените, пронајдени биле замрзнати 3.440 грама риба „охридска белвица“, како и рибарска опрема „мрежи“, а од преземените мерки било утврдено дека истиот во периодот од септември до ноевмри 2012 година во водите на Охридското езеро вршел риболов без да поседува одобрение за истото.

При извршен претрес во домот на другите двајца пријавени охриѓани , пронајдени биле 11 килограми свежа риба „охридска белвица“ и рибарска опрема, кои претходно ги уловиле без да поседуваат одобрение за истото.

OhridNews