СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца охриѓани за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а едниот од нив е пријавен и за „овозможување на употреба наркотична дрога“.

Во текот на март 2012 година, пријавените од непознато лице од село Велешта набавиле наркотична дрога „хероин“, по што еден дел продале на корисници, а останатиот дел го користело едно од пријавените лица.

При извршен претрес во домот на едниот охриѓанец пронајдени се 0,44 грама хероин.

OhridNews