Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39- годишно лице од струшкото село Велешта, како и против 18- годишен албански државјанин.   

На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдени во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба.

Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил од пријавеното лице од струшко околу 21 часот при нивна средба во селото Велешта. Потоа двајцата, со патничко возило џип марка „Хјундаи“, се упатиле на простор помеѓу зградите на улицата „Партизанска“ во Струга каде се забележани од страна на полициските службеници.

Пријавеното лице од Велешта и е познат на службата против кого по повеќе основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

OhridNews