Кризен штаб во кој ќе влезат охридскиот градоначалник Александар Петрески, охридските советници, дел од актуелното раководство, фудбалери,преставник на навивачите, како и дел од охридските стопанственици ќе ги решават проблемите  кои се наталожија во охридскиот клуб.


На денешната средба на градоначалникот Петрески со фудбалерите на тимот, на која присуствуваа и советници од локалната самоуправа беше истакната желбата работите да се средат и клубот да заплива во мирни води.

Позитивни се впечатоците од денешната средба, на која видов желба да се средат работите и да почне во Охрид, да се разговара само за фудбалот. Нашата најголема подршка во овој момент  е од бизнисменот Дејан Панделески, еден од сопствениците на Пелистерка, кој покри дел од примањата на фудбалерите. Ќе се формира кризен штаб кој ќе треба да стави ред во работата на клубот.  Во никој случај не смее фудбалот во Охрид да биде заложник на двајца тројца луѓе во градот – рече српскиот стратег Драган Антиќ.


Во кризниот штаб ќе има место и за фудбалерите кои ќе бидат преставувани од капитенот Сашо Ѓорески. Фудбалерите уште еднаш го подржаа тренерот на клубот Драган Антиќ. – Му се заблагодаруваме на градоначалникот што одвои време да не прими и да ги сослуша нашите проблеми. Задоволен сум од она што го слушнавме на средбата и очекувам конечно работите да тргнат на добро. Постојат луѓе кои сакат да инвестираат во спортот се надевам дека заедно со градоначалникот ќе успееме да ги надминеме овие недоразбирања – рече Александар Велески.


Преставници на навивачката група “рибари“ кои ќе бидат дел од формираниот кризен штаб, очекуваат работите да преминат од зборови на дела. –  На зборови сите се јаки, сите тие искажаа подршка на клубот, но очекуваме нивните зборови да преминат на дела. Ние како навивачка група ќе останеме позади клубот и ќе продолжеме да го бодрме. Охрид во моментов го има најдобриот тренер има една од подобрите екипи во лигата и навистина штета е ваквата можност да пропадне – рече преставникот на навивачката група “рибари“.


Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески ќе биде на чело на работно тело кое понатаму ќе оставри состаноци на кои ќе се бара заеднички излез од оваа ситуација.  – Фудбалерите постигнуваат одлични резултати и со полно право бараат да им се исплатат ветените плати и премии. Јас долго време бев дистанциран од клубот, бидејќи носителите на функциите така и сакаа. Во овој случај фудбалерите побараа од  мене  да посредувам во случувањата и да се обедиме да ги “испегламе“ работите. Сметам дека во клубот треба да се направи реконструкција, да влезат сите они кои помагале и оние кои сакаат да помогнат, вклучително и актуелната управа која успеа да го внесе клубот во Првата лига. Како што мене фудбалерите ми ги отворија вратите на клубоо, така вратите треба да останат отворени за сите добронамерници, сите заеднички да седнеме на маса да направиме еден Управен одбор кој отворено и транспаренто ќе одлучува за работите – истакна Петрески.

Мечот со Тетекс ќе се игра
Остратенет е сомнежот дека мечот со Тетекс нема да се игра. Фудаблерите попладнето одржаа трениг и ќе продолжат во вакви услови да се подготвуваат за мечот од 13 рунда. –    Ќе го играме мечот со Тетеекс. Ова е голем успех за оваа млада и перспектива екипа , се надеваме на добар резултат и на нови три бода –рече Велески.

фото Емилио
М. П.