Екипата на Стоук со 2-0 го совлада Манчестер Јунајтед на „Британија“ стадионот во првиот натпревар од колото на „Боксинг деј“.


Домаќините во 19-та минута поведоа со голот на Бојан Кркиќ, а седум минути подоцна го дуплираа водството со голот на Марко Арнаутовиќ.


„Црвените ѓаволи“ создадоа само една прилика за погодок, но голманот Бутланд со фантастична парада го скроти ударот на Маруоне Фелаини.


После овој пораз трети во серија дополнително се закомпликува ситуацијата на Луис ван Гал на Олд Трафорд која може да резултира со отказ.

Мх.П.