Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти, нема резултати, рече на денешната прес конференција претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска.

ДПМНЕ и Пецаков создадоа поголеми сметки за охриѓани за 40%, поголема цена за паркинг, зголемени цените на услугите во пазар за 35%, зголемена е цената за гробарина и гробни места за околу 75%. Наспроти ветувањата од ДПМНЕ и Пецаков нема изградба на нова градинка, ниту обнова на постоечките, нема нова станица за отпад, нема нова катна гаража, не е обновен ниту плоштадот Крушевска Република, нема нови четири терени за баскет, нема нови спортски терени, нема бесплатен превоз за пензионери ниту за лица со посебни потреби. Нема набавка на нов пловен објект за чистење на Охридското Езеро од отпад, потенцира Крлеска Деспотоска.

Гарантираа, додава, инвестиции и нови работни места, а инвестиции нема, резултатот е нула.

Пецаков и ДПМНЕ ги изневерија охриѓани. Охрид наместо да се развива, со Пецаков и ДПМНЕ назадува. ДПМНЕ не ја оправда довербата од охриѓани дадена на локалните избори. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Охрид, додава Крлеска Деспотоска.

OhridNews