Со судска пресуда во случајопт Талир 2, е утврдено дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, како и низ повеќе од 30 градови низ државата, заедно со седиштето на партијата во Скопје, Белиот дворец вреден милиони евра, е стекнат незаконски, со пари од граѓаните, што само докажува дека владеењето на ВМРО ДПМНЕ владеело криминално. Ова денеска во изјава лидефувана до медиумите, го истакна претседателката на ОО СДСМ Охрид  Кристина Крлеска Деспотоска.

Фактот дека низ годините наназад,ВМРО-ДПМНЕ на сметка на граѓаните, а во свое име трупаше имот, недвижности, пари и луксуз, недвосмислено говори дека криминалното владеење на ДПМНЕ беше синоним на едно време, време на режим ,диктатура и безредие. Оваa победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи покажува дека постои правда и по правосилноста на пресудата сиот незаконски стекнат имот ќе биде вратен таму од каде што е одземен ,а тоа се граѓаните. – вели Крлеска Деспотоска.

Претседателката на ОО СДСМ- Охрид на прес пред седиштето на ОК ВМРО ДПМНЕ

Според неа ВМРО ДПМНЕ незаконски работело и нема легитимитет да му се обраќа на народот.

Затоа апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на неосновани критики, манипулација и бојкоти од страна на ДПМНЕ и да застанеме сите заедно на страната на правдата против оние кои скоро една деценија предводени од осудениот Никола Груески немилосрдно ги трошеа парите на скапи слики,вазни, мермери, скап мебел и што уште не.додава Крлеска Деспотоска.

OhridNews