Проект за целосна реконструкција на пешачката патека од мостот до Горица 1 најави на денешната прес конференција кандидатот за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата за општина Охрид за претстојните локални избори, Јован Крлев.

Стоиме на место кое секој охриѓанец и секој турист го знае, пешачката патека од мостот до Горица 1. Денеска таа изгледа запуштено, со оштетена подлога, слабо осветлување и без основна урбана опрема. Време е тоа да се смени. Најавуваме проект кој ќе ја направи оваа траса безбедна, убава и достапна за сите, посочи Крлев.

Во проектот, додаде, ќе биде опфатена замене на на целата подлога со нов асфалт или квалитетни плочки, поставување на ново ЛЕД осветлување, за безбедно движење навечер, оставување на клупи, канти за отпадоци и информативни табли, озеленување и уредување на околината, како и достапност и за лица со попреченост со соодветни рампи.

Оваа патека не е само пат, таа е простор за прошетка, рекреација и дружење. Со нејзино уредување, добиваме нова атрактивна и функционална зона во срцето на Охрид. Проектот ќе се реализира брзо, ефикасно и транспарентно. Без празни ветувања, само со реална работа за подобар Охрид, рече Крлев, додавајќи дека Охрид заслужува уредени јавни простори, чиста околина и инфраструктура што служи на граѓаните.

Н.С.Ј.