Европскиот првак Реал Мадрид против Шалке во Германија ќе ја започне нокаут фазата во Лигата на шампиони. Минатата година „кралевите“ токму преку „сините“ обезбедија пласман во 1/4 финалето.
– Нема да биде лесно како минатата сезона. Шалке е успешен во Бундес лигата. Добро се организирани, а ремито со Баерн Минхен само го потврдува тоа. Ние ќе имаме потешкотии бидејќи имаме и повредени играчи, но нема алиби одиме на победа и пласман понатаму – рече Тони Крос.
Поради отсуството на Лука Модриќ германскиот репрезентативец ќе ја има клучната улога на средината од теренот.
Ohridnews