Односот кон јавните добра во Охрид и натаму е најниско можно ниво. Примери, за жал, има на секој чекор.

Деновиве несовесни граѓани ја уништиле оградата покрај патеката која преку калето оди за Лабино. Искршените дрвени штици се расфрлани ноколу.

Во друг случај, пак, несовесни посетители ја покажаа сета своја (не)култура оставајќи го зад себе целото ѓубре по посетата видиковецот над Билјанини извори.

Посочените примери говорат за ниското ниво на свест на поединци, очигледно без елементарно домашно воспитување, но и за немоќта на системот посериозно да се фати во костец со ваквите девијантни појави и да испорача резултати во вид на поголема заштита на јавните добра.

Г.М.