По повод патрониот празник на Државниот студентски дом „Никола Карев“, вчера делегација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, предводена од директорката Христина Трпеска, го посети Домот, кој моментално е сместен во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи (МВР).


На средбата присуствуваше и Марија Ораческа, директорка на Отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“, која, во чест на патрониот празник на Домот, заедно со Општина Охрид им понуди на студентите бесплатни курсеви, согласно со календарот за работа на Универзитетот за 2027 година.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и со оваа активност ја потврдува својата посветеност на поддршката на младите, поттикнувањето на образованието и градењето партнерства со институциите во локалната заедница, потенцираат.
OhridNews












