По одличниот старт со две победи против Кочани и Дојран, се по присутен е оптимизмот кај девојките во женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“. Охридската “седумка“ Симона Крстаноска која во досегашните два меча шест пати ја тресеше противничката мрежа не го криеше задоволството од постигнатиот успех.


Задоволни со овие 2 победи во стартот на шампионатот. Фудбалот е тимска игра и секако дека постигнатите погодоци се благодарение на колективот, кој во голема мера ми помага во реализацијата – вели Крстаноска.


Наредната рунда охриѓанки ги очекува натпревар со тимот од врвот на табелата Борец од Велес, напаѓаката е оптимиста дека може да се стигне до нови бодови. – Сиугрно дека не очекува тежок меч против “Борец”, наша цела е да се надигруваме и секако дека  ќе дадеме се од себе да извлечеме поволен резултат и од овој натпревар – потенцираше Крстаноска.


Фудбалот е машка игра , но се повеќе и девојките трчаат по “бубамарата“, Симона им порачува на своите врснички да се занимаваат со спорт, а оние кои ќе се “навлечат“ на фудбалот напорно да работат бидејќи упорноста е единствениот пат до успехот.
М.П.